ФОТО: Ова се силувачите на жени во Келн
Во текот на новогодишната ноќ неколку мажи нападнале жени во Келн. Сега биле објавени фотографии од петмина од нив. Ги товарат за сексуални напади и кражби. Полицијата во Келн објавила фотографии од напаѓачите во новогодишната ноќ. Станува збор за фотографии од петмина млади мажи кои ги бара полицијата.
Фотографиите се од мобилни телефони на сведоците и на нападнатите жени. Објавени биле за полицијата што побрзо да ги пронајде осомничените, пишува Bild.
Момчињата, кои веројатно имаат потекло од северна Африка, се осомничени за сексуални напади и кражби. Потсетуваме, по нападите полицијата примила повеќе од 370 казнени пријави, а кон крајот на февруари известиле дека идентификувале 75 напаѓачи, но дека поради лошите снимки од надзорните камери не можат да докажат ништо.
Полицијата засега не знае каде се наоѓаат осомничените мажи и речиси е сигурно дека не се сите од Келн.