Живот

Научниците ја пронајдоа „Ахиловата пета“ на туморот

Научници веруваат дека пронашле начин како да се “наведе” имунолошкиот систем да „го убие ракот“.

Истражувачите од Универзитетскиот Колеџ Лондон развиле начин на пронаоѓање единствени маркери во самиот тумор – неговата “Ахилова пета” – што му овозможува на телото да ја таргетира болеста.

Но, персонализираната метода, објавена во списанието Наука (Science journal) , ќе биде скапа и се уште не е испробана на пациенти. Експертите велат дека идејата има смисла, но дека во реалноста може да биде комплицирана.

Сепак, истражувачите, чија работа е финансирана од страна на Cancer Research UK, сметаат дека нивното откритие може да биде столб на нови третмани и се надеваат дека оваа метода ќе ја испитаат на пациенти во рок од две години.

Тие веруваат дека со анализа на ДНК, ќе бидат во можност да развијат претходно нарачан третман.
Научници и претходно се обидуваа да го контролираат имунолошкиот систем да го убие туморот, но вакцините против рак во голема мера се покажаа неефикасни.

Едно од објаснувањата е дека обуката на сопствени одбранбени механизми на телото одела по погрешна цел.

Проблемот е во тоа што туморите не се создадени од идентични ќелии – тие силно мутирале, а генетскиот неред и примероци од различни места во самиот тумор може да изгледаат и да се однесуваат сосема различно.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button