Загинал во сообраќајка на истото место каде што бил ранет во бомбардирањата на НАТО
Милан Дамјановиќ (48), наредник мајор во српската армија, пред две ноќи загина во сообраќајна несреќа на Ковински мост, истото место на кое чувал стража за време на бомбардирањето на НАТО врз Србија во 1999 година и во близина на кој потоа бил ранет.
Дамјановиќ загинал во средата навечер, кога неговиот „опел“ удрил во комби што дошло од спротивната насока. Тој и неговиот колега, Слободан Периќ, се враќале од работа од касарната во Панчево.
Сè уште не е утврдена причината зошто комбито, управувано од Маринко К. од Ковина, преминало во спротивната лента и директно удрило во автомобилот. Дамјановиќ загинал на самото место, а неговиот тешко повреден колега бил опериран и заздравува.
– Судбината, на наша голема жалост, така сакала – да загине на мостот кој во 1999 година го бранеше. Тој 15 април јас и Милан бевме ранети, а двајца другари од нашата единица загинаа – раскажа за српски „Курир“ Слободан Николиќ, кој заедно со Дамјановиќ бил дел од 6. ракетна дивизија на 250. ракетна бригада.
Во нападот на НАТО Дамјановиќ се здобил со повреда на окото.