Свет
„Исламско силување на Европа“ (ФОТО)
Жена облечена во знамето на Европската унија, која ја растргнуваат емигранти, стои на новата насловна страница на полското списание „Вшјечи“ (Мрежа). Контроверзната вест насловена како „Исламско силување на Европа“ ги подели мислењата на социјалните мрежи.
Дел од јавноста, водена од написите во бритнаксите медиуми, смета дека ова наликува на фашистичките пропаганди од времето на нацистичка Германија, но многумина сметаат дека проблемот со однесувањето на емигрантите и сè поголемиот број пријави за сексуални напади треба подобро и побрзо да се реши, а ваквите агресивни медијски написи само ја осветлуваат фактичката состојба.