Свет

Хорор снимки од крвавиот напад во Турција (ВИДЕО)

Турција решително ќе одговори на вчерашниот напад, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако во напад со автомобил-бомба врз армиски автобуси во центарот на Анкара загинаа најмалку 28 лица, а повеќе од 60 лица се повредени.

-Треба да се знае дека Турција во ниту еден момент нема да се двоуми, насекаде и при секој повод да го употреби своето право на законска одбрана. Ќе продолжиме сѐ порешително да се бориме против пионите, кои извршуваат вакви напади и не знаат за морал и за хумани граници, како и против силите кои стојат зад нив, се наведува во соопштението објавено од прес-службата на претседателот.

Повеќето од убиените и ранетите во вчерашниот атентат се турски војници, вклучително и офицери.

Поврзани вести

Back to top button