Јадете пуканки, одлични се за срцето!
Пуканките ги сакаат сите, обично се јадат за време на филм или просто кога ни се грицка нешто, а сега еве и причина плус да ги јадете.
Тие се одлични и за крвните садови, варење на храната и превенција од рак.
Многумина не знаат дека пуканките се житарки со полно зрно кои го намалуваат ризикот од срцев удар и рак, а само 30 грама од нив се исто толку добри како и дневна порција од интегрален ориз и интегрални тестенини.
Пуканките содржат и трипати повеќе влакна отколку истото количество сончогледови семки, поради што не се чувствува глад. Освен тоа, го регулираат и нивото на шеќерот во крвта, го намалуваат лошиот холестерол ЛДЛ, а содржат и доза на витамин Б.
Истражувањето покажува дека вистинската здравствена придобивка од пуканките се крие во „изненадувачки големото“ количество на антиоксидантот полифенол кој ги уништува слободните радикали штетни хемикалии кои предизвикуваат болести како рак и срцеви проблеми.