Избор на уредникотРелигијаТоп

(ВИДЕО) Mногу болна девојка прооде по молитва во манастир

Додека некои го гледаат видеото како доказ за чудо, други повикуваат на претпазливост и дополнителна проверка на фактите.

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика голема љубопитност и емоции, особено меѓу верниците. Снимката, која брзо се прошири, прикажува млада девојка по име Фанула од Патра, Грција, која, според тврдењата на очевидците, проодела по молитва во православниот манастир Свети Исидор, сместен на ридот Ликавитос во Атина .

Според достапните информации, девојката страдала од мултиплекс склероза и била во инвалидска количка.
На видеото се гледа како по молитвата на свештеникот Димитриос Лупасакис, таа станува и започнува да оди, што предизвикува силни емоции кај присутните.

Отец Димитриос е познат меѓу верниците по своите молитви за исцелување, а храмот Свети Исидор е место каде што се собираат луѓе во потрага по духовна и физичка помош.

Храмот Свети Исидор, сместен на ридот Ликавитос, е познат по својата убавина и панорамскиот поглед кон Атина. Многу верници го посетуваат во потрага по духовна утеха и исцеление .
Додека некои го гледаат видеото како доказ за чудо, други повикуваат на претпазливост и дополнителна проверка на фактите. Во секој случај, настанот отвора прашања за верата, исцелението и улогата на духовноста во современиот свет.

Погледнете го видеото:

Поврзани вести

Back to top button
Globus 2