ВИДЕО Бојаџиев: Трошиме како луди, порано на клинички имаше еден сега има 50 директори
Професорот на Американ Колеџ, Марјан Бојаџиев вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21, каде гостуваше заедно со Виктор Мизо и Зоран Јовановски зборуваше за буџетскиот дефицит, и кажа дека планираниот дефицит за оваа година е веќе потрошен во првите четири месеци. Во моментов, како што вели Бојаџиев, има 500 милиони евра „дупка“ во буџетот направена од претходната Влада која ќе треба да ја покрива новата Влада.
„Кај нас дефицитот во последните 10 години е преку 300 милиони евра годишно во просек, а последните две години е преку 500 милиони евра. Тоа е неодговорно политичко однесување. Сите зборуваат за средорочна стратегија, па ќе го решиме дефицитот во меѓувреме трошиме како луди. Од каде пари за нови агенции, нови установи кабинети. Клинички центар порано имаше еден директор сега има 50 па видовме што се случи. Традиционално велиме ќе има дефицит 300-400 милиони евра, и пишуваат некоја бројка капитални инвестиции и истата никогаш не се реализира. Дефицитот е веќе потрошен во првите четири месеци. Има дупка во буџетот од 500 милиони евра. Новата влада ќе треба да ја покрие таа дупка што ја оставаила претходната Влада со недомаќинско работење“, истакна Бојаџиев.