ЖивотТоп

Кинеските научници успеаја да клонираат животно кое е многу слично на луѓето (ВИДЕО)

Кинеските научници го клонираа првиот мајмун резус. Вид кој често се користи во медицинските истражувања бидејќи неговата физиологија е слична на онаа на луѓето, јавува Би-Би-Си.

Научниците истакнуваат дека клонираните мајмуни би можеле да го забрзаат тестирањето на лекови бидејќи генетски идентичните животни даваат споредливи резултати, што ја зголемува безбедноста на експериментите.

Претходните обиди за клонирање на мајмуни резус не дадоа потомство или потомството умираше за неколку часа.

Сепак, британската организација за заштита на животните изрази „голема загриженост“ за постигнувањето.

Сексуалната репродукција кај цицачите создава потомство со мешавина од гените на таткото и мајката, додека клонирањето произведува генетски идентична копија на животно.

Најпознатото клонирано животно, овцата Доли, е создадено во 1996 година.

Но, проблемот со клонирањето е што, во случајот на повеќето цицачи, само 1 до 3 проценти од клонираните потомци се здрави. А, ова се покажа дека е уште поизразено кај мајмуните резус.

Научниците успеаја да ги надминат проблемите пред околу две години.

Откриле дека при неуспешните обиди за клонирање на плацентата, која му обезбедува на фетусот кислород и хранливи материи, гените не биле соодветно програмирани и затоа органите не се развивале нормално, што научниците овојпат успеале да го решат.

Искористиле 113 ембриони, од кои 11 биле имплантирани и добиле две бремености и едно живо потомство. Тие го нарекоа „РеТро“, според научниот метод што се користи за замена на трофобластите.

Д-р. Фалонг Лу од Универзитетот на Кинеската академија на науките изјави за BBC News дека „сите се пресреќни“ од успешниот исход.

Поврзани вести

Back to top button