Сотир Костов открива огромни скандали: Директор нападна контролор зошто не сакаше да потпише дека положил испит (ВИДЕО)
Огромни скандали откри поранешниот заменик-директор во М-НАВ, Сотир Костов. Тој тврди дека пред 10 години имало сериозен инцидент на, како што вели, горно небо, кога бил избегнат судир на два авиона.
– Јас сум човек кој нема периз на јазикот. Јас само ова го зборувам за членовите на Владата. Ќе им кажам, нека си погледнат 2013 година, на затворена седница на Влада каде што се разгледуваше Извештајот за сериозен инцидент од 7.5.2013 година. Сериозен инцидент на горно небо, кога два авиона за малку ќе се судреа и ќе настанеше катастрофа од невидени размери, изјави Костов во Студио 10 на ТВ 24.
Според него, за да се избегне инцидентот клучна била присебноста на двајцата контролори и двајцата пилоти.
– Тој инцидент го сокри Фарко (Фахрудин Хамиди) како раководител на SQS. Неговата екипа ги убеди тогашните директори да не го пријават, го откривме ние, пријавивме на министер, пријавивме во влада и дојде до еден судир. И сега пазете, тогаш министер за економија беше Беким (Незири) и Бујар Османи тие си ги одбранија, а им помогна и еден друг министер, за надворешни работи (Никола Попоски). И сега пазете кога ќе имаш директор татрко на министер (Живко Попоски), кога ќе имаш зет директор на министерка, а зборам за директори во М-НАВ, еве до што доаѓа, рече Костов.
Тој исто така кажа дека контролор бил нападнат од директор бидејќи не сакал да му потпише на директорот дека го положил испитот за контролори. Контролорот бил принуден да се исели во Норвешка. Но и дека сестрата на Бујар Османи преку ноќ.
Медиумите претходно објавија ексминистерот за економија Беким Незири, сега вработен во М-НАВ, кој заедно со 8 членови на ДУИ од Чаир упадна во институцијата и нападнаа вработени во радарската соба каде што е сместена обласната Контрола на летање и каде што се водат прелетите, во 2010 година исто така натепал контролор на летање.
Имено, Незири тогаш беше член на Управниот одбор на М-НАВ и еден од тројцата директори, а нападнал контролор на летање кој како инструктор не сакал да му потпише дека поминал обука за контролор. Незири го удрил и го турнал по скали инструкторот. Потоа, до Управниот одбор поднел предлог инструкторот да биде разрешен. Снимките за нападот врз инструкторот биле избришани.
Како што објави весникот „Вест“ на 23 февруари 2010, тогашниот претседател на Управниот одбор на М-НАВ Живко Поповски изјави дека на седницата разговарале за предлогот на Незири да биде разрешен инструкторот.
– Јас се спротивставив, со забелешка дека тоа е добар работник, на што Незири ми рече дека тој одлучувал за ‘неговите’. Му реков дека безбедноста на летањето е неделива, нема ‘наши’ и ‘ваши’. Продолжението го знаете, ме плисна со вода, изјави тогаш Поповски, а
Незири негираше дека го плиснал со вода.
Тој порача да се провери што се случило во 2013 година, бидејќи сѐ е документирано и за тоа постои и Извештај, каде ќе се потврди дека се истите актери, кои ни се случуваат после точно 10 години.