Како што објаснуваат кардиолозите, намирниците кои ги консумираме значително влијаат на здравјето на срцето. Кардиолозите истакнуваат дури 12 намирници кои значително придонесуваат во чувањето на здравјето на срцето и системот за циркулација, а со тоа и докажано го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, вклучувајќи и срцев удар.
Тоа се следните намирници: зелен зеленчук, ореви, бобинки, интегрални житарици, масна риба, како што е лосос, грав, темно чоколадо, домат, чиа семки, лук, маслиново масло, авокадо.
Секоја од овие намирници содржи многу хранливи материи кои помагаат во зачувување на здравјето на срцето и крвните садови, нагласуваат кардиолозите.
Истражувањата покажале дека медитеранската исхрана е една од најдобрите за правилно функционирање на срцето и крвотокот.