Покачувањето на платата во следните неколку месеци Муцунски ќе ја донира за лекување на младиот Леонид
Покачувањето на платата во следните неколку месеци градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски ќе ја донира како поддршка за лекувањето на младиот Леонид
– Разликата од покачувањето на платата кое неодамна го добија избраните и именувани функционери, градоначалникот Тимчо Муцунски во следните неколку месеци ќе го донира како поддршка за лекување на младиот Леонид кој пред неколку недели доживеа несреќа во соседна Грција. Станува збор за младо момче, успешен и амбициозен средношколец од општина Аеродром кој во изминатиот период со финансиска поддршка од Општина Аеродром учествуваше и неговиот тим го освои првото место на меѓународниот натпревар „NASA Space Apps Challenge“, известија од општината.
Освен, финансиската поддршка од Градоначалникот Муцунски, Општина Аеродром во следниот период ќе организира хуманитарен настан каде собраните средства ќе бидат донирани токму во оваа намена.
Муцунски пред неколку месеци најави дека со разликата во платата ќе дава поддршка во различни хуманитарни настани и ќе поддржува лица со социјален ризик. Согласно, оваа најава тој во изминатиот период, во неколку наврати даде поддршка за десетина хуманитарни иницијативи и настани.