Избор на уредникотМакедонијаТоп

Македонија членка на НАТО, дозвола ќе се бара од Општина Желино за поставување споменик на загинатите војници кај Карпалак

Со положување цвеќе и панихида пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје утрово беше оддадена почит кон десетте загинати бранители од Прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година.

Фото: Принтскрин/МИА

Како и секоја година, така и оваа, едно од главните прашања беше дали ќе се изгради спомен-плоча која би била достојна за да се оддаде почит на паднатите борци, бидејќи сега единствен потсетник е малата плоча која стои на банкина покрај самиот пат, а која честопати во минатото беше мета на вандализам, министерката Петровска рече дека ќе испрати бгарање до Општина Желино за дозвола за изградба на споменик, кој би бил целосно финансиран и реализиран од страна на Министерството за одбрана.

Масакрот кај Карпалак се случи на 8 август 2001 година, кога конвој од Прилепската касарна одел кон Тетово. На пат кон Тетово, кај месноста Карпалак, конвојот бил пресретнат во терористичка заседа и врз него бил отворен жесток оган. Во масакрот загинаа 10 припадници на резервниот состав на АРМ – Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Поврзани вести

Back to top button