ЖивотИзбор на уредникот

Татко ми ме силуваше, а мајка ми не ми веруваше: Страшната исповед на ѕвездата од најпознатите турски серии

Турската актерка Мелиса Донгел ја сподели својата застрашувачка исповед, признавајќи дека нејзиниот татко ја силувал кога имала 15 години.Мелиса не молчеше за тоа, и кажа се на мајка си, но не и веруваше.

Поради траумата која ја доживеала, Мелиса и денеска оди на терапија, а својата приказна решила да ја сподели бидејќи сакала да ја заштити својата помала сестра.

– Постојано работев за да не бидам дома. Немав детство. Им кажав на пријателите за злоставувањето, не само на мајка ми. Прв пат сексуално бев злоупотребена во средно училиште. Не можев јавно да кажам бидејќи татко ми постојано ми се закануваше дека ќе ми заврши актерската кариера и дека нема да ме пушти на училиште. Се обидов дури и да се убијам. Не се сеќавам колку пати бев хоспитализирана. Тогаш се покајав и се запрашав: „Зошто си го правам тоа себеси?“ Но, не можев да се воздржам – рекла таа.

Обидувајќи се да ги избрише трагите од траумата што се случи пред неколку години, Донгел сега е во проблеми поради тужбата на нејзиниот татко, кој моментално е во затвор.

Сакала да го добие и старателството над својата помлада сестра, но таткото побарал да и биде одбиено со објаснување дека актерката има лош живот. Барањата вклучуваат испраќање на младата девојка кај поранешната сопруга, која моментално живее во Русија, затоа што е во затвор или таа да биде однесена во државна заштита.

Меѓутоа, се открило дека мајката на Донгел ја вратила ќерката назад во Турција, бидејќи таа не можела да се грижи за неа.

Донгел глумеше во популарните телевизиски серии како што се „Елиф“, „Бизим Хикаје“ („Нашата приказна“), „Сен Чал Капими“ (Тропни на мојата врата).

Фото: melisadongel/instagram

Поврзани вести

Back to top button