МакедонијаТоп

Градскиот превоз во Скопје небезбеден, тројца малолетници допирале по тело девојка

19-годишна девојка доживеала малтретирање во автобус на ЈСП, од страна на тројца малолетници кои ја допирале по телото, соопшти полицијата.

„На 24.04.2023 во 15.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП Скопје, на булеварот „Илинден“, тројца малолетници од скопските села Копаница, Ласкарци и Арнакија допирале по телото 19-годишна девојка од Скопје“, информираат од МВР.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести

Back to top button