Водачот на „Беланоца“ бил на слобода кога се случи двојното убиство во „Шиша бар“!
Петнаесет дена по двојното убиство на еден од главните водачи на криминалната група „Дуќанџик“, Јетон Кривањева-Жила, кој настрада заедно со Енес Исеинов-Љаци од истата група, водачот на ривалската „Беланоца“, Фатљум Аети-Тоте заврши во притвор во Шутка, пишува Фокус.
Но, не за двојното убиство што се случи во кафулето „Шиша бар“ под скопско Кале на 6 март, туку за трговија со дрога и оружје.
По убиството, двата ривалски кланови „Дуќанџик“ и „Беланоца“ на кратко се вратија во фокусот на јавноста. Тогаш воскресна и една акција на Министерството за внатрешни работи од 28 јули 2021 година, кога полицијата соопшти дека сузбила организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога и оружје.
Меѓу осомничените бил и Аети, кој стана водач на „Беланоца“ по убиството на неговиот татко Џелал Аети-Џељо и по убиството на неговиот чичко Наим Аети.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК