Македонија
Земјотрес во Битола
Утринава е регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала во близина на грчко-македонската граница. Епицентарот на земјотресот бил на шест километри од Лерин, но истиот бил почуствуван и во Битола и Ресен во 10.30 часот.
– Денеска во 10:29 часот регистриран е земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала кај Лерин во соседна Грција. Епицентарот на земјотресот бил на 6 км југоисточно од Лерин, на 123 км западно од Солун и на длабочина од 20 км, соопштија од Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Пред речиси една година поточно во јануари на истата локација имаше прилично силен земјотрес. Сеизмолозите смируваат дека станува збор за редовна сеизмичка активност.