Во Германија има 236 илјади бездомници
„Од 236.000 граѓани без дом во Германија, најголемиот дел, 178.000 од нив живеат во прифатилишта за бездомници, 49.000 живеат привремено кај пријатели или роднини, а 37.000 живеат постојано на улица“, се вели во првиот владин извештај за бездомниците.
Извештајот покажува и дека мнозинството бездомници, околу две третини, се мажи. Меѓу бездомниците има 6.000 деца, кои живеат сами или со своите родители во прифатилишта или на улица.
Со доаѓањето на новата влада, прашањето за бездомниците од Министерството за социјални работи се пресели во Министерството за градежништво. Досега во статистиката беа опфатени само оние бездомници кои беа пријавени во една од прифатните установи. Министерот за труд Хубертус Хајл рече дека новиот начин на водење статистика ќе овозможи насочена помош за ранливите.
Работната група за помош на бездомници (BAG W) проценува дека бројот на бездомници е поголем, најмалку 300.000, поврзувајќи ја оваа разлика со фактот дека многу бездомници не можат да бидат опфатени со статистички мерки. Во последните години голем број бездомници доаѓаат од источноевропските членки на Европската унија, пред се Полска, но и Романија и Бугарија.