По 82.000 евра на ден државните институции и јавните претпријатија му исплаќаат на Пуцко петрол

По 82.000 евра на ден, и во делник и во празник. Ова е сумата што во просек ја плаќаат државните институции и јавните претпријатија на „Пуцко петрол“, фирма чиј основач е пратеникот од редовите на ДУИ, Исмаил Јаоски.

Компанијата за трговија со нафта и нафтени деривати во последните три месеци добила тендери во вредност од над 7 милиони и 350 илјади евра, ексклузивно објави Алфа.

Министерството за внатрешни работи во август склучило договор вреден 1 милион и 918 илјади евра за набавка на екстра лесно гориво, еуро дизел, еуро супер, како и за млазно гориво. Набавката се однесува за период од три години или до исцрпување на утврдените средства.

На иста сума од 1 милион и 918 илјади евра во јули бил склучен договор и со Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта, но предвидено е овие пари да се потрошат во рок од две години.

ЕСМ за потребите на РЕК Битола потпишало договор вреден над 1.3 милиони евра, а за потребите на РЕК Осломеј тендерот бил тежок над 447 илјади евра, пресмена Алфа.

Целата статија на ТВ Алфа може да ја прочитате на овој ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна вест

Препорачани

Welcome Back!

Login to your account below

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.