Избор на уредникотМакедонија

Обид за опожарување на црква, втор напад на православен верски објект неделава

Непознати сторители ја оштетиле внатрешноста на црква во долнореканското село Требиште и имало обид да се предизвика пожар во објектот, информираат од полицијата.

Според СВР Тетово, вчера утрото околу 9 часот, Н.Р. (60)од Скопје пријавил дека со употреба на сила било влезено во црквата „Свети Ахилиј Ларински“. Тој забележал дека се  причинети повеќе оштетувања, а имало обид да се предизвика пожар во внатрешноста на објектот.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 10.50 часот во СВР Битола, Б.Б.(61) од Битола пријавил дека ноќта на 15/16.08.2022 бил оштетен крстот во дворот на црквата „Св. Ѓорѓија” во с.Пресил.

Полициски службеници излегле на местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести

Back to top button