Македонија

Најавија жешко лето со протести, отидоа на жежок одмор, потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски на одмор во монденско место Монте Карло

И покрај големите отстапки во однос на идентитетските прашања, големата корупција и инфлација и немањето на речиси никакви капитални проекти ДУИ и нејзиниот вазал СДСМ, без никакви проблеми владејат веќе 5 години. Исто толку жешки лета најави опозицијата, но наместо лета со протести, најчесто гледавме слики од одмори во монденски места.

Некогашниот активист на Демократска десница а сегашен портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на социјалните мрежи објави фотографија со својата сопруга од својот годишен одмор.

Имено Арсовски со својата сопруга се наоѓа во елитното монденско место Монте Карло во Монако.

Претходно на одмор беше забалежан и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Красичи Црна Гора.

Екс премиерот Зоран Заев и екс министерот Венко Филипче пак беа уловено на Пелопонез во Грција.

Поврзани вести

Back to top button