Избор на уредникотСвет
Конашенков: Биолабораториите финансирани од САД во Украина експериментираат со корона вирусот
Биолабораториите финансирани од САД во Украина експериментираат со корона вирусот, со лилјаци, изјави денеска за новинарите портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
„Во биолабораториите што беа создадени и финансирани во Украина, како што покажуваат документите, беа направени експерименти со примероци од корона вирусот на лилјаци“, рече тој, пренесе „РИА Новости“.
Според него, од особен интерес се деталните информации за американската имплементација на проектот за проучување на преносот на патогени на дивите птици кои мигрираат меѓу Украина, Русија и другите соседни земји.