Вистината за НЛО ќе се дознае до први јуни: Поранешниот шеф на американското разузнавање откри застрашувачки информации
Рокот од 180 дена даден во декември, кога тогашниот американски претседател Доналд Трамп го потпиша указот, истекува наскоро.
Извештајот на Пентагон и разузнавачките служби за неидентификувани летечки објекти исто така вклучува детали за авиони кои се движат со толкава брзина што ја пробиваат звучната бариера, но без никаков звук, или се движат на начини што ниту една позната технологија не може да го објасни или изведе, рече Џон Ретклиф, поранешен шеф на разузнавачките служби на САД.
Извештајот на владините служби, вклучувајќи ги разузнавачките служби и Пентагон, за НЛО треба да биде обелоденет до 1 јуни, кога истекува рокот од 180 дена даден во декември, кога тогашниот американски претседател Доналд Трамп го потпиша указот.
Џон Ретклиф, поранешниот директор на Националната разузнавачка служба, во интервју за Фокс њуз изјави дека извештајот ќе содржи голем број настани „што е тешко да се објаснат“, пренесуваат американските медиуми.
Wow. Maria Bartiromo gets former DNI John Ratcliffe to talk about UFOs ahead a deadline for the government to disclose what it knows about them…
“Usually we have multiple sensors that are picking up these things…there is actually quite a few more than have been made public” pic.twitter.com/qu4VlzrZw1
— Daniel Chaitin (@danielchaitin7) March 19, 2021
Има многу повеќе вакви случаи отколку што е познато во јавноста, а некои од нив се веќе декласифицирани, рече тој.
Тој објасни дека станува збор за НЛО што ги виделе воени и поморски пилоти, но исто така биле снимени и од сателити.
Ова се случаи кога авионите се движеа на таков начин што не можеа да се објаснат со некоја позната технологија, или тие го пробија звучниот зид без карактеристична експлозија, рече Ретклиф.
Тој додаде дека станува збор за случаи кои се пријавени низ целиот свет и дека тие не се само сведоштва на пилоти, сателитски снимки или разузнавачки информации.
Постојат повеќе видови сензори кои можат да детектираат такви работи. Некои од овие феномени се необјасниви и ги има повеќе отколку што знае јавноста, рече Ретклиф.
Поранешниот главен службеник за разузнавање на САД изјави дека администрацијата на Доналд Трамп, во која тој служел, сакала да ги објави тие информации пред да се случи смената на владата во јануари, но дека тие не можат да го сторат тоа затоа што немало доволно време од сите документи да се тргне ознаката за тајност.