Избор на уредникотМакедонијаТоп

Заев: Се поизвесно е дека Бугарија ќе даде вето за почеток на преговорите

Се поизвесно е дека Бугарија ќе даде вето за почеток на преговорите на земјава со Европската унија, изјави денеска премиерот Зоран Заев за време на денешното донирање на амбулантно возило за болницата во Струмица.

-Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуалното ветото на Бугарија и тоа е се поизвесно. Ако ме прашувате колку, тоа е повеќе од извесно. Но, не губам надеж дека до крајот на декември кога е рокот за првата меѓувладина седница бугарските политичари ќе имаат сила да дадат  крик на пријателство и да подадат рака. Ја испраќам пораката да градиме пријателство, лесно е да се гради непријателство. Европски е да се гради пријателство и да се биде храбар,  Заев.

Тој смета дека двата народа имаат заедничка историја од која произлегле двете држави и двата јазика кои имааат заедничко словенско потекло.

– Инаку како би било нешто заедничко ако Бугарија тврди деа е нејзино, а како би било зедничка исотрија ако нешто ние тврдиме дека е македонско. Заедичко е заедничко. Така заедничко словенското потекло од кое произлегле двата јазика, рече Заев.

 

Поврзани вести

Back to top button