Хулигани тепаат македонски деца и се фалат на социјалните мрежи, МВР молчи, молчат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)
Снимајќи се повеќе момчиња брутално тепаат момче, па потоа се фалат со своето „дело“ на социјалните мрежи.
На видеото не може да се види за која локација станува збор а истото е споделено на „ТикТок“, апликација каде младите најчесто објавуваат кратки забавни видеа.
На профилот @problem1 на „Тик Ток“ каде што е објавено видеото јасно се гледа лицето на момчето кое го тепаат додека го снимаат, видеото е објавено со натпис вистински Тик Ток, тупаница и македонско знаме, додека на момчињата кои го удираат е додадено албанско знаме.
Видеото наиде на голем број на реакции на социјалните мрежи, корисниците го споделуваат видеото со надеж дека институциите ќе го истражат случајот.
Од МВР за Канал 5 велат велат дека Министерството за внатрешни работи постапува за расчистување на случајот и по расчистувањето ќе ја известиме јавноста.
Чудно е и молчењето и од страна на македонските политички партии и од властта и од опозицијата со оглед на тоа што тепањето на деца кое е етнички мотивирано станува секојдневие како и рушењето на крстовите на православните гробишта, па останува да се прашаме дали македонските политичари го поддржуваат етничкото чистење на Македонците и останатото православно население од вековните гробишта, особено изразено за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ, кое за жал проддолжи и во време на власта на СДСМ И ДУИ.