Македонија

Додека го стартувал својот автомобил избувнал пожар, зафатени уште два други автомобили

Вчера во 18:20 часот било пријавено дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје Н.М.(30) од Гевгелија, додека го стартувал неговото патничко возило „рено меган“, со гевгелиски регистарски ознаки, настанал пожар, информира МВР.

Од пожарот биле зафатени и патничко возило„фолксваген голф 6“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.А.(19) од Скопје и патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(68) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести

Back to top button