ЖивотИзбор на уредникот

Американските научници со конечен одговор: Дали вирусот ќе опстане во лето?

Истражувањата велат дека сончевата светлина го убива вирусот во рок од неколку минути.

Тоа се резултати од истражувањето на Министерството за внатрешна безбедност во САД, кои велат дека радијацијата која ја емитуваат ултравиолетовите зраци, го оштетува генетскиот материјал на вирусот и го оневозможува да се реплицира.

Резултатите од ова истражување им беа презентирани вчеравечер на новинарите во Белата Куќа, а ги прикажа Вилијам Брајан, советник за наука и технологија на Министерството за внатрешна безбедност. Тој исто така откри и дека температурата и влажноста се клучни фактори за опстанување на вирусот, што можеби ќе значи попуштање на епидемијата летово, вели Брајан.

„Податокот кој најмногу не изненади е моќното влијание на сончевите зраци врз вирусот. Безразлика на тоа дали се работи за вирусот на површина или честички во воздухот, сонцето го убива вирусот“, вели Вилијам Брајан, додавајќи дека што поголеми се температурата и влажноста, толку се полоши условите за опстојување на коронавирусот.

Оваа студија била спроведена од National Biodefence Analysis and Countermeasures Center (NBACC), а резултатот помеѓу останатото, вели дека на температура од 21 до 24 степени животниот век на вирусот се преполовува, па така исчезнува во рок од 18 часа. Кога научниците ја зголемиле влажноста за 80%, животниот век се намалил на 6 часа, а кога покрај тоа ги додале и сончевите зрацои, цирусот успеал да преживее само 2 минути. Резултатите се слични и за аеросолите, како и за вирусот на површина.

Сите студии укажуваат на тоа дека вирусот е најактивен на ладно време, а што е поголема температурата, толку е пократок неговиот век. Во воздухот, вирусот добро издржува само во ладни и суви услови.

 

Поврзани вести

Back to top button