Избор на уредникотСвет

Мигрантите ја нападнаа грчката полиција (ВИДЕО)

Молотови коктели повторно летаа преку грчко-турската граница додека група на насилни мигранти се обидуваше да ја сруши оградата и илегално да упадне на грчка територија.

Грчката полиција реагираше со солзавец и водени топови, настојувајќи да ги одбие нападите на мигрантите и да ги изгаси пожарите кои избувнаа долж границата.

Инцидентите станаа вообичаени во последните две седмици на граничниот премин Кастањес – Пазаркуле на турско-грчката граница која е долга 200 километри.

На друго место во текот на денешниот ден наводно голема група на мигранти преку морето успеале да стигнат до грчкото копно. Чамци со 75 луѓе пристигнале на грчкиот остров Лезбос само во текот на денешниот ден.

Портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас повторно го нападна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и порача дека Турција ги користи мигрантите како средство за притисок да се исполнат барањата на Анкара од Европската унија.

Грчките власти уште еднаш цврсто порачаа дека нема да дозволат никој илегално да влезе на грчка територија.

Поврзани вести

Back to top button