Северина се расплака, го посети православниот манастир “Свети Нектариј Егински“!
Добро познато е дека популарната пејачка Северина е католик, родена во Сплит, но откако е во брак со Игор Којиќ кој е од православна вероисповед, таа решила да си ја смени верата. Секако дека останува христијанка, но отсега во православно христијанство. Пејачката дома го слави и католичкиот и православниот Божик и Велигден, тоа не е никаков проблем. Постојано посетува православни цркви и манастири во Грција и Србија. Така пред десетина дена со сопругот и неговите родители беше во посета на манастирот “Свети Нектариј Егински“ кој се наоѓа на грчкото свето острово Егина.
–
Во тој манастир доаѓаат да се помолат сите оние православни жени кои сакаат да останат бремени, а не можат од разни причини. Така е случајот и со Северина. Таа призна дека одамна има желба да роди второ дете, сега во бракот со Игор (синот на пејачот Драган Којиќ-Кеба), но дека тоа тешко ѝ оди. Паднала во разочарување, па спасот го наоѓа во молитвите и во одење по манастири, како и во овој во Грција.
-Постојат некои сериозни здравствени проблеми, но лекарите не можат да најдат во што е работата? Направени се сите анализи, сѐ покажува дека е во ред, но веројатно силен постојан стрес кај Северина си го зема данокот, велат поупатените. Затоа сега Северина често се заблагодарува на бога, на светците. Убедена е дека наскоро ќе забремени со Игор откако беше во грчкиот манастир, дека по вторпат ќе стане мајка. Има огромна желба нејзиниот син Александар (од првиот брак) да добие брат или сестра. Фото:ФБ-Инстаграм