Македонија
Слогата, љубовта и единството на Mакедонците се покажаа на дело: Наскоро ќе биде готова црквата во Дортмунд
Наскоро ќе биде отворена прекрасната нова црква Свети Кирил и Методиј во германскиот град Дортмунд.
Македонските иселеници, големи верници, со свои раце креираат свет храм.
За неполна година во Дортмунд, Германија на дело се покажа слогата, љубовта и единството на Mакедонците во таа околина и пошироко.
Парохискиот свештеник во Дортмунд протојереј Душко Пецов и црковскиот одбор организирано и посветено сите донации ги наменија за градба на нова Црква.
Сега претстои внатрешно уредување и граѓаните испратија апел до сите кои сакаат и можат да помогнат .
Izvor: kurir.mk