Свет

ИД егзекутирала 250 лица во сирискиот град Дејр ал Зур

Припадници на џихадисичката група во текот на вчерашниот ден егзекутирале околу 250 борци на провладините сили и членови на нивните семејства во сирискиот град Дејр ал Зур, откако претходоно зазедоа делови од него што беа под контрола на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад, јавија западните медиуи, повикувајќи се на тврдења на локални невладини организаиции.  

 132987983

Информацијата ја потврди и извор во сириската Влада, која нагласи дека џихадиситте убиле најмлаку 250 лица во Дејр ал Зур, од кои најголемот број провладини борци и нивните семејства.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека за време на вчерашните судири во Дејр ал Зур загинале најмалку 75 сириски војници и припадници на паравоените формации лојални на Асад.

Според истиот извор, борци на ИД навлегле во северниот дел на Дејр ал Зур и ја освоиле населбата Багалија, со што презеле контрола врз 60 проценти од градот.

Поврзани вести

Back to top button