Помпео со порака до Македонците: Внимавајте на руското и кинеското влијание
По средбите со државниот врв во Охрид, Мајк Помпео го поздрави Преспанскиот и Договорот со Бугарија, истовремено тој повика на засилен отпор на руските и кинеските влијанија.
„Ги поздравуваме чекорите што ги презеде вашата Влада за борба против корупцијата и поттикнување на поголема отчетност за секој што ја злоупотребил јавната доверба. Борбата против корупцијата е критична за започнување преговори со ЕУ и членството во НАТО, но уште поважно за вашите граѓани. Една силна демократија мора да понесе одговорност за загриженоста на јавноста и да преземе повеќе чекори за да се спротивстави и да се заштити од штетните влијанија. Срцата и умовите на граѓаните на Северна Македонија треба да ја водат вашата земја напред, а не руското влијание во социјалните медиуми. Исто така, ве предупредувам на ризикот од кинеските инвестиции во технологијата и нивната стратегија за обезбедување инфраструктурни договори“, изјави Мајкл Помпео, државен секретар на САД.