Македонија

Мицкоски: Заев треба да им одговори на граѓаните дали постоела средба и договор со ДУИ за политичко редефинирање на државата и исцртување на нови граници

Претседателот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија посочи дека Зоран Заев треба да им одговори на граѓаните дали постоела средба и договор со ДУИ за политичко редефинирање на државата и исцртување на нови граници.

– Се погласни се шпекулациите дека помеѓу двата изборни круга има средба која што се случува во Тетово помеѓу Зоран Заев и неколку други лица на која практично се договара поддршката за време на вториот круг и каде што практично треба да дојде до еден вид на политичко редефинирање на Република Македонија, потенцираше Мицкоски. Тој нагласи дека можеби и ова изборно редефинирање на тие граници кое деновиве го актуализираше Стево Пендаровски е дел од тој договор или новиот изборен модел ќе му кумува на тој процес со исцртување на нови граници или пак можеби се е шпекулација, но треба да за излезат и да одговорат.

Навистина жалам ако господинот Стево Пендаровски не бил информиран за таа средба бидејќи гледам дека влета во една партиско политичка теорија која што ја отпочна од пред некој ден или втора теза е дека го дивергираа вниманието од оној фијаско неуспех кој што им следи за неколку дена од сега, а тоа е недобивањето на датум за отпочнување на преговори, истакна Мицкоски.

За потсетување Заев велеше и дека нема да има Тиранска платформа, но сепак на крајот се донесе двојазичност во Македонија.

Со ваквата избрана методологија, која се обидуваат да ја протуркаат на брза трака во Собранието, ќе се попишуваат практично сите оние кои што имаат матичен број во Република Македонија, тврди Мицкоски, истакнувајќи дека тоа остава простор за злоупотреби, бидејќи поседувањето матичен број не значи дека лицето е државјанин на Република Македонија, ниту пак е гаранција дека лицето е сè уште живо. Има и граѓани кои се откажале од македонското државјанство за да се стекнат со други државанства, потсетува лидерот на опозицијата.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не е против пописот и не е против статистичка операција која ќе ја прикаже реалната слика, која пак, според него, ќе има клучно значење за тоа како држвата ќе се развива во следните 10 години. Но Мицкоски исто така истакна и дека не е можно да се носат закони во кои нема да учествува опозицијата, притоа оценувајќи дека законот за попис воопшто не наликува на она што реално треба да биде, поради што Мицкоски заклучува дека се работи за уште еден политички пазар и отплаќање на политички долгови од страна на премиерот Зоран Заев.

„Се знае каква е директивата на Еуростат и се знае како се врши попис на домаќинства и граѓани во Република Македонија. И не треба да сме ние многу аналитични и да измислуваме нешто ново, туку треба да го практицираме она коешто денеска современите европски држави го практикуваат кога го попишуваат населението и домаќинствата во нивните држави“, рече Мицкоски.

Кога се отпочнува ваква сериозна статистичка операција, логично е да бидат поканети сите чинители во земјата, додаде тој, оценувајќи дека ваквиот развој на настаните околу пописот е „спротивен на сè она што го слушаме како стихотворба за ЕУ интеграциите“.

Поврзани вести

Back to top button