Избор на уредникотМакедонија

(ВИДЕО) Поглаварот на ИВЗ: Македонскиот народ е див, затоа нема идентитет

Овој народ, со кој што заедно живееме е див, беспримерно див. Затоа немаат идентитет и никогаш  нема да го имаат…”, изјави реис Сулејман Реџепи, поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија за време на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамијата во скопското село Арнакија. Церемонијата се одржала на 14 март, а на својот фејсбук-профил Реџепи го постави видеото пред два дена.

Тој во својот говор зборуваше за минатото на оваа џамија, кога, според него, еден македонски премиер од тоа време, со 60 килограми динамит ја урнал џамијата.

– Џамиите да се попречуваат и да не се одобрува нивната изградба, оваа работа нема да ја дозволиме. Никогаш нема да молчиме. Се надеваме со господ напред дека ќе дојдат подобри времиња и секаде имаме народ и места… во село Лажец, Битолско каде повеќе од 100 години немаат џамија. Замислете вие каков див народ е овој со кои сме во соживот. Овие се безпримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика дека ние сакаме да им помогнеме. Не се помага, бездушниот не се освестува – вели Реџепи.

Помала група на албански интелектуалци реагираат на ваквите негови постапки, но засега нема никакви реакции од партиите на Албанците во Македонија, а очигледно е дека сега треба да реагираат државните органи за ширење етничка омраза.

Поврзани вести

Back to top button