Сообраќајка: Пожарникарите три часа ја сечеле каросеријата од возилото за да го извлечат возачот

Сообраќајка помеѓу товарно возило и минибус кај Дреновска Клисура, повреден е возачот на товарното возило, кое излетало од патот. Тој бил префрлен во кавадаречката болница.

Оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Сообраќајот се одвива наизменично по една лента.

Припадниците на Противпожарната единица од Кавадарци три часа сечеле дел од каросеријата на товарното возило за да го извлечат повредениот возач.

Увидот на самото место е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна вест

Препорачани

Welcome Back!

Login to your account below

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.