Второобвинетиот Демири пушел марихуана додека Беља го тепал Саздовски, па не знае зошто застанале на автобуската
И второобвинетиот за убиството на Никола Саздовски, Скендер Демири, сведочеше денеска на рочиштето во Основен суд Скопје 1, кадe претходно и првообвинетиот Бесир Беља даде исказ во вкрстено испитување од неговите бранители и адвокатите на семејството Саздовски.
Второобвинетиот Скендер Демири, во исказот пред судот, рече дека не е виновен и дека не знае зошто воопшто застанале со возилото, бидејќи во моментот конзумирал марихуана.
„Не сум крив, ниту јас, ниту Јетон. Само Бесир има учество. Ние двајца влеговме само со намера да ги раздвоиме, изјави Демири, во исказ пред судот.
Двајцата обвинети, во исказот пред судот, тврдат дека не го знаеле Никола од претходно и оти не се членови на навивачка група, туку се само симпатизери на клубот.
Претходно обвинетиот Бесим Беља, во исказ пред судот на рочиштето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски, рече дека на 29 јуни минатата година на автобуската постојка кај „Алкалоид” меѓу двајцата најпрво имало вербална расправија, по што дошло и до физичка пресметка.
Во исказот пред судот, Беља кажа дека 29 јуни минатата година околу 15.30 часот се упатил кон неговите другари од маалото Скендер Демири и Јетон Љужа и ги викнал да излезат некаде да седнат на кафе, а претходно го зел возилото „мерцедес” сопственост на неговиот вујко.
Додека се возеле, нагласи Беља, по булеварот Алескандар Македонски му се причинило дека ја видел неговата братучетка позади автобуската постројка во Автокоманда во близина на „Алкалоид” каде што застанува бројот два, по што го запрел возилото и се вратил накај автобуската за да види дали е братучетка му таму. Во тој момент во возилото седел на задното седиште седел Скендер, а Јетон на совозачкото и тој излегол надвор за да пуши цигара.
Кога се приближил на пет до десет метри до автобуската видел дека таму не е братучетка му и кога тргнал да си оди сега починатиот Никола Саздовски лошо го погледнал, а Бесир го прашал зошто лошо го гледа на што Саздовски почнал да го пцуе, а и тој му вратил со иста мера.
Во еден момент дошло и до физичка пресметка меѓу двајцата во која, како што рече, Беља тој два до три пати го удирал Саздо во пределот на градниот кош од левата страна, а Саздо му вратил двапати при што еднаш го удрил во десната слабина, а еднаш во десното рамо.
Кога неговите другари виделе дека настанала препирка меѓу нив тргнале да ги раздвојат, а тогаш почнала да се собира и маса на луѓе кои почнале да ги пцујат нив тројца по што тие се упатиле кон возилото и го напуштиле местото на случувањата. Во моментот кога си оделе, како што рече, Никола бил паднат на земја.
На почетокот на својот исказ Беља, кажа дека првично бил обвинет за кривично дело насилство и оти му било понудено од Обвинителството да се спогоди за казната.
Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид” на булеварот „Александар Македонски” во Автокоманда.
Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”.
Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје” во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.