Почина малиот херој: Момчето кое го ризикуваше животот да ја спаси мајка си од силувач, по неколку месеци им подлегна на повредите
Шеснаесет годишно момче кое ја спаси својата мајка од силувач, почина 19 месеци откако напаѓачот буквално му го смачка черепот.
Вања Крапивин се опоравуваше откако изгуби дел од черепот во напад кој се случи во мај минатата година, но пред два месеци добил грип, а во вторникот починал.
Момчето од град на северозападот од Русија, дошол дома од училиште и го видел соседот над мајката, која бил целата во крв. Роман Пронин (37) ја присилувал жената на секс, па Вања за да ја спаси својата мајка, земал тег од 3 килограми и го удрил мажот, пишува „Скај Њуз“.
Меѓутоа напаѓачот го земал тегот и го удрил со него момчето по глава, па избегал верувајќи дека и мајката и синот се мртви. Соседите, кои ги слушнале нивните извици, ги пронашле набрзо онесвестени во локви крв.
Вања по нападот девет месеци ги поминал во кома, додека неговата мајка се опоравувала откако од соседот била избодена 27 пати. Хирурзите за време на операцијата на малото момче му отстраниле дел од мозокот.
ТВ водителот Андреј Малков покренал кампања за собирање на парични средства за купување на титаниумски делови за неговата глава, како и за покривање на останатите медицински трошоци.
Една година по нападот, тој покажувал лесни знаци дека е свесен, а во јуни почнал да ја препознава медицинската сестра и да ја јаде течна храна. Еден месец подоцна бил испратен во Москва, во рехабилитационен центар, а акцијата за собирање парични средтства продолжиле се со цел тој да биде испратен на понатамошно лекување во Шпанија.
Мајката на Вања се соочувала со критики бидејќи за време на деновите минати во болница, го посетила само неколку пати. Таа се бранела дека не може да се натера да оди да го види, бидејќи се чувствува виновно за нападот. Пред нападот, таа во повеќе наврати барала од надлежните да не му дозволат на Пронин да живее во нивна близина по ослободувањето.
По нападот, тој е осуден на 14 години затвор за обид за убиство на мајката и синот. Со смртта на момче, обвинението е изменето и тој ќе одговара за убиство.
Сега е покрената истрага за да се утврди зошто на Пронин му е дозволено да живее во близина на деца.