Македонија

Десет владини тела со по неколку вработени за плати потрошиле шест милиони евра годишно

Платите на вработените во државните институции јадат голем дел од државниот буџет, а секоја година оваа буџетска ставка само расте. Бројноста на администрацијата е проблем, иако секако сеуште најголем проблем е нејзината неефикасност. Граѓаните сепак малку знаат дека платите на државните административци се помали од тие на вработените во таканаречените регулаторни тела. Тоа се агенции кои се основани од Владата со одговорност да ги следат, да ги насочуваат и да контролираат различни индустриски сектори во интерес на заштита на потрошувачите.

Според податоци од годишните извештаи на овие тела за предминатата година, кои ги собра „Фондацијата за демократија на Вестиминистер, Македонија“, десет регулаторни тела и агенциии во 2016 година за плати на вработените им исплатиле вкупно 374 милиони денари или над шест милиони евра. Во овие десет тела таа година биле вработени вкупно 375 луѓе, што значи дека секој од нив земал брути плата од околу еден милион денари.

Иако станува збор за високи примања во сите овие агенциии, сепак има разлика во исплатените плати, па најниската исплатена месечна нето плата по вработен изнесува 39.033 денари, а највисоката е три пати поголема или изнесува 90.215 денари по вработен.

Толку голема просечна плата зема еден од вработените во Агенцијата за домување. Во оваа Агенција во 2016 година, според нивниот извештај, имало само четворица вработени, на кои, за плати во годината им се исплатени над 6,5 милиони денари.

Следува Агенцијата за регулирање на железничкот сообраќај за која граѓаните не ни знаат дека постои. Официјално вработени тогаш биле двајца. Нивната просечна исплатена месечна нето плата во 2016 година била 71.242 денари. Потоа се редат, Регулаторната комисија за енергетика, па Агенцијата за цивилно воздухопловство, па Агенцијата за електронски комуникации. Оваа Агенција, од сите десет кои се анализирани има најмногу вработени или 128, за кои само за плати се дадени 135,6 милиони денари.

Најниска плата, ама само ако се споредуваат регулаторните тела има во Агенцијата за аудиовизуелни и медиумски услуги каде просечно на вработен му се исплатува месечна плата од над 39.000 денари. И овој просек е над просекот во државата.

А.Т. за Фактор.мк

Поврзани вести

Back to top button