Имал добро платена работа во Швајцарија, но се вратил и не жали
Дарко Д.(48) десетина години поминал во странство работејќи во големи медиумски компании.
Можностите кои тој ги добил, плата, услови, кариера, уреденоста во Швајцарија, е она за што сонуваат петина Срби, пишува српски Телеграф.
Овој човек раскажува дека иако имал добра работа и плата во Србија, за 20 секунди потпишал договор и решил да замине.
Вели се обидел за да не се кае подоцна.
„Работата и организацијата се одлични, точно се знае кој и што треба да работи“ – вели Дарко Д.
Но, по извесно време се чувствувал осамен, а вели дека комплетно селење со сопругата и децата не било можно.
Вели дека таму нема дружење, ниту средечност, а дружењето со Швајцарците е тешко дури и на работа.
За него Швајцарија е стерилна земја, и додава дека не можел да се вклопи, по што решил да се врати.
Во текот на работата имал шанса да прошета, но вели дека во Италија се чувствувал како во Србија и комуницирал доста добро, додека во Швајцарија заработувал повеќе.