Избор на уредникотМакедонија

Заменик командир на „Алфите“ бил со основно, а лажирал дека завршил средно

Заменик командир на „Алфите“ бил со основно, а лажирал дека завршил средно образлование. При проверката во МВР е откриено дека неговата диплома со средно образование е фалсификувана. Во друг случај, вработен во МВР напредувал неколку места со лажна диплома, а министерството откри дека истиот бил вработен како универзитетски професор, со лажна диплома.

Вкупно четириесет вработени во МВР добиле отказ и заработиле кривични пријави затоа што работеле со фалсификувани дипломи.

„Имавме случај, вработен во МВР кој што со фалс диплома напредувал во МВР, а исто така предавал и на еден од универзитетите во Македонија. Веќе се преземени мерки и тоа лице мислам дека не работи на факултетот  и преземена е кривична одговорност “, вели Тони Ангеловски – Портпарол на МВР

Сите 40 вработени имале фалсификувани дипломи, при што на фалсификатот се наведени различни факултети, зависно од позицијата што ја имале во МВР. Од МВР дополнително велат дека се истражуваат и други вработени за кои има индиции дека биле вработени со лажни дипломи. Од обвинителството денеска не одговорија дали кривичните пријави се пристигнати кај нив и што ќе следи понатаму. Истрагата треба да покаже и кој се учествувал во фалсификатите, дали станувало збор за организирана група, и кој во МВР им дозволил да работат, без да ги проверат фалсификуваните дипломи.

Поврзани вести

Back to top button