Доколку Ви го хакираат Фејсбук профилот Закерберг треба да Ви плати 6.000 фунти
Доколку Ви го хакирале Фејсбук профилот тогаш од Марк Закерберг би можеле да извлечете 6.000 фунти оштета и тоа благодарејќи на фамозниот GDPR – општа регулатива за заштита на податоците.
За Закерберг тоа се лоши вести со оглед на тоа дека Фејсбук минатата недела призна дека хакерите имале пристап до 50 милиони профили.
“Благодарејќи на GDPR, директивата на Европската унија која стапила на сила во мај оваа година, Фејсбук е должен да ги осигура податоците на корисниците со прикладни технички и организациски мерки, што може многу пошироко да се објасни. Но, посебно е важен членот 82 кој вели дека може да се бара надополнуање и за материјална и нематеријална штета”, изјави Гарет Поуп од адвокатската група Слатер и Гордон.
Всушност, сè што треба е да докажете дека Вашиот профил е хакиран и дека тоа навистина Ви создаде проблеми. Но, тој веднаш ги предупреди потенцијалните обвинители да не бидат политички. Ако тоа е единствената тужба, тоа би била битка помеѓу Дејвид и Голијат на суд, па Поуп препорачува колективни тужби.
“Ако делувате како група, поголеми се шансите Фејсбук да Ве сфати за сериозно”, напомена адвокатот.