Топ

(ВИДЕО) Активисти со жив штит го бранеа Водно – Багеристот добил наредба од шефот да гази живи луѓе

Градежните активности на Водно за изградба на гасовод низ планината продолжуваат и покрај реакциите на голем дел од јавноста. Граѓаните во голем број застанаа во одбрана на планината и побараа да се прекине со изградбата, но власта по секоја цена продолжува со градежните активностите. Денеска на Водно дојде до судир меѓу активистите и градежниците.

-Горе на Водно се случува вистинска драма!!! Багерите утрово тргнале да ги газат активистите кои со ЖИВ ШТИТ ја бранат планината! (меѓу нив е и Игор Смилев, познатиот велешки екологист кој е најзаслужен за затворањето на “Топилница”). Повикана е полиција, но изведувачот на работите се заканува со приватни батки да ги тепа планинарите. Потребно е физичко присуство на лице-место! Ако има доброволци, нека се упатат веднаш накај “местото на злосторството”, пишува универзитетскиот професор Димитар Апасиев на Фејсбук.

-На ТВ Алфа не ѝ даваат да одат горе и снимат, Град Скопје не пуштаат. Рампата останува спуштена, пишуваат од граѓанската иницијатива Go Sakam Vodno / Го Сакам Водно на ФБ.

-Легнавме пред багер, шефот на оваа турлитава му нареди на работникот да не помине. Срамота е што сѐ ќе направат за парите, пишува еден од активистите кој е дел од живиот ѕид на Водно на својот Фејсбук профил.

Како што изјавиле дел од активистите и за Фокус, багеристите добиле наредба возат преку насобраните луѓе, но истата ја одбиле.

Во еден дел од видеото кое активисти го објавија на фејсбук се слуша наредбата „гази се пред себе“ (3.26).

 

Поврзани вести

Back to top button