Колекционер ја врати чудотоворната икона во црквата во Битола, око не можел да склопи откако ја донел дома
Чудотворна икона посветена на Мајка Богородица на смрт преплаши еден колекционер од Белград. Дури кога ја вратил на сопственикот, црквата Пресвета Богородица во Битола, почнал мирно да спие.
Митрополитот преспанско – пелагониски и администратор австралиски и новозеландски на МПЦ, владиката Петар за новинарите изјави дека навистина се работи за чудотворна икона зошто само чудо ја вратило од Белград.
Иконата посветена на Мајката Божја од 1748 година која спроед мотивите се нарекува „Достојно ест“, првпат е насликана во светогорските манастири.
Таквата икона пред неколку децении е украдена од црквата во Битола, откако по разни шверцерски патишта и криминалистички канали завршила кај колекционер на икони во Белград.
Откако ја набавил, тој повеќе немал мирен сон. Иконата на Мајката Божја често му се јавувала на сон и го молела да ја врати од онаму од каде е украдена.
По реставрацијата, таа сега, воочи големиот христијански празник Велигден, е изложена во црковниот храм Пресвета Богородица во Битола, а за чудата, рече владиката Петар, уште долго ќе сведочи.