Доаѓаат такви времиња кога паметните замолчуваат, будалите прозборуваат, неспособните се обогатуваат
Единствениот српски нобеловец, Иво Андриќ, е роден на трети октомври 1892 – ра година. Во животот успеал да има завидна дипломатска кариера, да учествува во распадот на едно царство и да го овековечи растот на “мостот и Дрина“ – неговите вечни теми. Го помниме по следниве цитати, иако можеби и не знаеме дека се негови.
1. Љубов е кога и самиот поглед на саканата личност ни измамува насмевка.
2. Сите ние сме само мали острови во поплавата на времето.
3. Да се плашиш од луѓето значи да му грешиш на Бога. Стравот од луѓето можеби потекнува од тоа што некогаш сме ги погрешиле Божјите принципи. Човекот во кого има жива душа, логично, не би требало да се плаши од луѓето и било што човечко.
4. Само активните луѓе и нивната борбеност и безобзирност го движат животот напред, но само пасивните луѓе и нивната стрпливост и добрина го одржуваат и го прават можен и поднослив.
5. Штом една влада почувствува потреба на своите жители да им ветува мир и благосостојба преку плакати, треба да внимава и да очекува да се случи токму спротивното.
6. Живеењето во страв, во каење, во постојан страв од стравот, не можејќи око да склопиш и покрај се да работиш, да се смееш и да разговараш, тоа за луѓето како мене значи да живееш и да успееш во светот.
7. Во земјата на омразата, најмногу ги мразат оние кои не умеат да мразат.
8. Примитивните и ограничени луѓе имаат развиено способност да се надеваат. Кај паметните и дарежливи луѓе таа моќ, како што ми изгледа е мала.
И, се разбира :
Доаѓаат такви времиња кога паметните замолчуваат, будалите прозборуваат, неспособните се обогатуваат.