Uncategorized

ВИДЕО: Крадец украл возило со две деца – Мајката го убила

Жена во Далас, Тексас пукала во маж кој се обидел да ѝ го украде автомобилот во кој ѝ биле деата.

Додека таа плаќала сметки на бензинска пумпа продавачот ѝ кажал дека некој се обидува да влезе во нејзиниот автомобил. Крадецот тогаш успеал да влезе во возилото во кое биле нејзините два сина од 2 и 4 години. Жената веднаш потрчала и успеала да влезе на задното седиште, а тогаш почнала вистинска драма.

Разбојникот, идентификуван како 36-годишниот Рики Врајт одбил да застане по нејзината наредба, па таа успеала да извлече пиштол од под седиште и да го погоди разбојникот право во лице.

Возилото кое останало без контрола се забило во ѕид. Мајката и децата за среќа останале неповредени. Полицајците велат дека додека разбојникот лежел на земја, жената врескала: „Требаше да те убијам, требаше сите куршуми да ги потрошам“.

Таа подоцна изјавила дека го направила она што морала: „Не сум убиец, само го бранев тоа што е мое. Се надевам дека ова го освести“, рекла таа.

Против жената не е покрената никаква пријава. Врајт после заздравувањето го чекаат обвинениеја за киднапирање и неовластена употреба на моторно возило.

Поврзани вести

Back to top button