Македонија

Обвинет во Монструм: „Ги прашав што бидна, а тие ми рекоа направивме гомнарија, убивме човек“

На денешното рочиште за случајот Монструм повторно беше пуштена снимката на која се слуша и гледа исказот на Хаки Азири даден пред истражниот судија Владимир Туфегџиќ, бидејќи претходниот пат имаш проблеми со тонот на снимката.

Од снимката се гледа дека Азири најпрвин побарал заштита за себе и за своето семејство, и раскажал детали за петкратното убиство. Но поради страв дека заштитата нема да биде доволно се одлучило тој да биде загрозен сведок. Откако го добил статусот загрозен сведок Азири се предомислил и се откажал, па поднел жалба бидејќи имал грижа на совест, па се согласил да зборува без статус на загрозен.

-Мојата улога беше да ги пречекам Али Демири и Африм Исмаиловиќ кај обиколницата кај Качанички пат бидејќи имале нерасчистени сметки со некого. Ден пред убиството, вечерта јас се слунав со Алил Демири и ми рече утре дента да се видиме утре околу 12 часот кај него дома. Јас отидов кај него и од таму отидовме во Сингелиќ кај Африм Исмаиловик. Африм ми рече дека денеска ќе направат нешто зошто имале нарасчистени сметки. Ми рече во 18 часот да го одвезам Агим Исмаиловиќ до Топнско поле. Јас го одвезов и таму земавме друго возило кое беше на паркинг. Возилото беше црвен опел омега.

Во продолжение објаснува дека Агим влегол во опел омегата и заминал.

-Во 19.30 договорот требаше да ги чекам на обиколница. Околу 20 часот стигна опелот и застана зад мене.Тогаш во мојот автомобил влегоа Алил Демири И Африм Исмаиловиќ. Африм седна напред, а Демири позади. Тие немаа оружје. Имаа црни темни тренерки, црни капи и ракавици. Ги прашав што бидна, а тие ми рекоа направивме гомнарија, убивме човек, вели Азири на видео снимката.

На прашање на истражниот судија Туфегџиќ кога дознал за петкратнто убиство, тој одговорил дека дознал откако се вратил дома, од интернет околу 23 часот.

-Таа вечер не можев да спијам. А, по два дена беше објавена и слика од возилото опел омега. Тогаш ми стана јасно што се случило. Постојано бев опседнат со тоа што се случило, имав кошмари и ослабев 20 килограми. Од една страна се плашев, но од друга сакав да кажам што се случило и знаев дека ова вака не може да остане. Сега кога го давам исказот мене ми е полесно, чувствувам олеснување, изјавил Азири.

Азири сепак подоцна се предомисли и кога во 2013 година влезе во судница и седна на обвинителна клупа со останатите обвинети тврдеше дека изјавата во истрага ја дал под притисок и закани од полицијата.

Поврзани вести

Back to top button