Uncategorized

ДУИ против укинување на економските директори по клиниките зошто нивните кадри ќе останеле без работа

Реформите во здравството за укинување на економските или вторите директори на клиниките, укинувањето на плаќањето по учинок и бришење на временската рамка за превземање специјалисти од приватно во јавно здравство, што ги најави уште лани поранешниот министер за здравство Арбен Таравари, се заглавени, пишува сдк.

Нефицијално дознаваме дека еден од коалиционите партнери во Владата, поточно ДУИ, го кочи законот додека не им најде други убави работни места на кадрите од партијата што ќе бидат засегнати од реформите.

Извори од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека ако поминат измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, економските директори на клиниките од редовите на ДУИ, кои беа именувани уште во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе останат без работа и колациониот партнер ја кочи реформата додека ним не им се најде друго решение.

Официјално, во Владата никој не кажува зошто се сопрени реформите во здравството. Нема ни официјална информација колку кадри поставени од ДУИ би биле засегнати од новиот закон.

Неофицијално, законот го држи „под мраз“ вицепремиерот Бујар Османи кој од јули 2018 до јули 2011 година беше министер за здравство во Владата на Никола Груевски, а премиерот Зоран Заев, зафатен со договорот со Грција го тргнал ова прашање на страна за да не прави непотребни тензии со ДУИ.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски вели дека точката за измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита била повлечена на барање на Министерството за здравство, бидејќи тоа како ресорно министерство ги подготвува измените.

-Кога ќе бидат дадени овие измени во владина процедура зависи од Министерството за здравство. Засега тие не се вратени од таму, излајвил Бошњаковски.

Од Министерството за здравство повеќе од една недела нема одговор зошто се повлечени овие измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита од владина процедура и кога повторно ќе бидат вратени.

На дел од клиниките и во јавните здравствени установи сѐ уште останаа двојни директори, односно покрај медицинскот директор има и економски директор. Лани летото на клиниките беа именувани нови в.д медицински директори. Дел од економските директори беа разрешени, но најголем дел од нив, кои се од редовите на ДУИ останаа на своите работни места и покрај тоа што им е истечен мандатот.

Поврзани вести

Back to top button