Ова 2-годишно девојче е посилно од злобната судбина: И ја ампутирале ногата додека не проодела, а денес трча и игра
2-годишната Џулиет Вејтс е родена со сериозен деформитет на левата нога, поради што не можела да се движи. Неа морале поради тоа да и ја ампутираат ногата и пред да прооди.
“Џулиет немаше дел од потколеницата, немаше лигаменти, а стапалото и беше искривено, немаше неколку прсти, бутната коска и беше пократка…Лекарите ни понудија две опции, да се направи некое продолжување или ампутација.
Се одлучивме за ампутација која беше направена кога имаше само 11 месеци, а потоа започна нејзината борба со привикнувањето на протеза и првите чекори. Поради својот неверојатен карактер и силата лесно ги совладала сите пречки и денес оди и трча”, вели мајката на Џулиет, Аманда Берлинг Вејтс.
Еден ден дошла да проба нова пофлексибилна протеза. На почетокот ја одбивала и не сакала да се откаже од старата, дури ни кога и кажале дека со неа ќе може да трча, скока, танцува. Најголема поддршка и било кучето Вида, кое било спасено во Порторико по страшниот ураган во 2017. година, и кое нема една нога.
Со неговата помош и љубов, Џулиет ја пробала својата нова протеза и истрчала во прегратката на своите мајка и татко. И покрај почетното одбивање, Џулиет брзо се навикнала на новата протеза, за која вели дека ја прави среќна. Тоа им го кажала на своите родители додека оделе дома.