Избор на уредникотМистерии

Научниците ги објавиле шокантните резултати од најновите истражувања: Еве што ги убило вонземјаните! Човештвото го чека истата судбина

Според најновите откритија на астрофизичарите од Њујорк, една од можностите е вонземјаните да исчезнале поради климатските промени, а дека човештвото е осудено на слична судбина.

Адам Френк, професорот по физика и астрономија на Универзитетот во Рочестер во Њујорк со соработниците симулирал четири сценарија за крај на цивилизацијата.

Три сценарија резултирале со апокалипса, односно со масовно губење на населението.

Четвртото сценарио – патот кој вклучувал претворање на целото општество во одржлив извор на енергија – би функционирало само кога цивилизациите би ја препознале штетата која ја предизвикале на планетата и веднаш би делувале.

“Последното сценарио е најстрашно”, рекол Френк. “Дури и ако сте ја направиле правилната работа, доколку предолго сте чекале, и натаму би можеле да го убиете целото човештво”.

“Законот на физиката наложува дека изградбата на секоја млада, енергетски интензивна цивилизација, мора да има повратни информации за својата планета”, уверен е астрофизичарот.

“Гледањето на климатските промени во симулиран вселенски контекст, на научниците им дава подобар увид во тоа што сега се случува и како ќе се носат со тоа, па затоа започнавме со реализација на ваквите симулации”, објаснува понатаму Френк.

Три сценарија до Апокалипса
За Френк, патот до создавање на апокалипса започнува со Велигденскиот остров. Велигденскиот остров претставува корисен пример бидејќи често се зема како поука за глобалната одржливост.

“Многу истражувања покажуваат дека жителите на Велигденските острови ги исцрпиле своите ресурси, што довело до гладни и до уништување на цивилизацијата на островот”.

Во првото симулирано сценарио, населението расте во краток временски период, а како вонземјаните ја трошат енергијата и испуштаат гасови, температурата на планетата исто така расте. Населението опстанува и расте, а потоа преминува во категорија на нагло паѓање, бидејќи растечките температури го прават животот се потежок и потежок.

Второто сценарио е одржливост. Тука популацијата и неговата глобална температура се зголемуваат брзо, а потоа се спуштаат кога цивилизацијата го препознава реципроцитетот на управување со ресурсите и влијанието на природата.

И третото и четвртото сценарио астрофизичарот Франк ги нарекува “колапс”. Тука исто така популацијата и температурата на планетата драматично се зголемуваат во краток период. Но, во оваа симулација, кога луѓето почнуваат да умираат поради недостиг на основни ресурси, нема преживеани.

Поврзани вести

Back to top button