Дете се освестило пред да го исклучат од апарати: Мислев дека сум во рајот, се шетав на отворено поле
Тринаесетгодишник со потрес на мозок се освестил кога докторот се подготвувал да го исклучи од апаратите за одржување во живот.
Детето од Алабама, САД, се разбудил од кома откако неговите родители потпишале согласност за донација на неговите органи.
Тренто Меккинли доживеал силен потрес на мозокот кога паднал од приколка за автомобил која се движела и го удрила во глава.
Докторите, на родителите им рекле дека нема да се опорави и оти неговите органи одговараат за други деца кои чекаат трансплантација.
Еден ден пред договореното исклучување од апаратите за одржување во живот, Трентон покажал знаци на свест.
Овој тинејџер во несреќата во март претрпел седум скршеници на черепот.
Според неговата мајка Џенифер Рендл, Трентон оттогаш бил на неколку операции, претрпел прекин на работата на бубрегот и срцеви застои. Во еден момент, вели таа, Трентон бил клички мртов 15 минути, откако докторот и рекол дека веќе никогаш нема да биде нормален.
Таа за Си-Би-Ес раскажала дека се согласила да ги потпише документите за донација на органите нејзиниот син може да спаси пет други деца.
-Се согласивме, што овозможи Трентон да се одржи во живот за неговите органи да бидат подготвени за трансплантација, рекла Рендл.
Вели дека следниот ден требало да се направи последниот тест на мозочните бранови и да се прогласи време на смртта, но тогаш ги дал првите знаци на свест, па го откажале тестот.
Трентон во моментот лесно се опоравува.
-Се удрив во бетон, а приколката ми падна на глава. После тоа не се сеќавам на ништо, рекол Трентон.
Тој чувствува болки и повремени напади, па ќе биде потребна барем уште една операција на главата.
Според Рендл, тој во моментот чита и вежба математика.
Трентон изјавил дека мислел оти е во рајот додека бил без свест.
-Се шетав на отворено поле и одев право, рекол 13-годишниот тинејџер, додавајќи дека не постои друго објаснување освен дека во прашање е Бог.